За Нас

Миланов тјунинг Свети Николе  со седиште на улица „Ванчо Ангелов„ 28 е фирма која врши лимаро-лакерски интервенции на возила од сите автомобилски  марки.Автолакерскиот сервис  е формирана во 2010 година  и неговиот успех е поврзан со исклучителниот и посветен начин на работа и грижата и односот кон клиентите. Отворениот пристап на вработените кон клиентите,  професионалниот   и обучен  тим,  брзата и квалитетна услуга се еден  од основните фокуси  на сервисот . Лимаро-лакерските интервенции се изведуваат во сервисот кој располага со комора за фарбање „Nova Verta“, опрема за извлекување на каросериски оштетувања ,  како специјална опрема и  алат  кои со стручниот персонал гарантираат враќање на Вашето возило во првобитна состојба. Долга е листата на задоволни клиенти  во која се заведени  голем број правни и физички лица,  кои ја пренесуваат пораката  за квалитетот на услугите .

Квалитетот на материјалите кои се користат во процесот на интервенциите на возилата се од врвни светски производители како што се Хелиос, ППГ, МахМаер  што гарантираат високи еколошки стандарди и заштита на животната средина што ја прави клиниката општествено одговорна.

Секогаш  се стремиме кон  повисок квалитет на услугите кои се нудат како и проширување на  палетаата на услуги на поголемиот број на задоволни клиенти. Настојуваме секогаш да бидеме во чекор со развојот на технологијата  и за таа цел постојано набавуваме најсовремена опрема, а стручниот тим секогаш се подготвува преку  истакнати семинари во  развиените земји да го следи чекорот со технологијата, професионално да ги извршува услугите  на радост и задоволство на клиените.

Сервисот  има склучено договори  со скоро сите осигурителни компании кои работат во нашава земја, и нуди информации и упатство за побарување на штетите од сообраќајните незгоди што ги надоместуваат осигурителните компании.

Call Now Button